Дописници МКДОпштински вести

Во основните училишта во општина Гевгелија запишани 202 првачиња

Вкупно 202 првачиња се запишани во новата учебна година во четирите основни училишта на територијата на општина Гевгелија.

Гевгелија.4 јули 2020 (МИА) – Вкупно 202 првачиња се запишани во новата учебна година во четирите основни училишта на територијата на општина Гевгелија.

Со целосно почитување на заштитните мерки и протоколите, најмногу од децата, вкупно 93, се запишале во ОУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, 77 првачиња се запишале во второто гевгелиско училиште „Владо Кантарџиев“ 18 во ОУ „Ристо Шуклев“ во Негорци и најмалку,14, ќе посетуваат настава во училиштето „Климент Охридски“ во Миравци.

Поради КОВИД-19 не се знае дали за првачињата ќе се организира традиционалната манифестација на првиот училишен ден или наставата ќе се спроведува онлајн. им/мч/

Back to top button
Close
Close