0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКДОпштество

Во организација на Конрад Аденауер одржана дискусија „Религијата во образованието- зошто е тоа важно? (ДПЛ) 

На тема: Образованието и религијата-зошто е тоа важно? деновиве одржана е дискусија организирана во дигитален формат преку Zoom платформата од страна на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со асоцијацијата на професори по етика на религијата, информираше сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица.

Дебар, 18 мај 2021 (МИА) – На тема: Образованието и религијата-зошто е тоа важно? деновиве одржана е дискусија организирана во дигитален формат преку Zoom платформата од страна на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со асоцијацијата на професори по етика на религијата, информираше сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица.

Како еден од триесетината учесници, професори по предметот Етика на религиите, таа, оценува дека дискусијата била добра можност да се слушнат нивните ставови околу придобивките од верското образование и статусот на самиот предмет во пресрет на најавените реформи во образованието.

Дискусијата започнала со поздравните обраќања на официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Ѓоко Ѓорѓевски и деканот на факултетот за исламски науки, Шабан Сулејмани.

Тие ја поздравиле иницијативата за организација на ваков настан и уште еднаш ја истакнале значајната улога на религијата во градењето на соживот и толеранција во едно мултикултурно и мултирелигиско општество.

Веднаш по воведниот дел започнала и панел дискусијата во која учествувале еминентни предавачи од земјата, регионот и пошироко.

-Модератор на дискусијата беше Александар Спасеновски, од Правен факултет „Јустинијан Први“ кој на самиот почеток даде осврт кон прашањето на воведување верско образование од независноста на државата до денес. Подоцна свое обраќање имаше Клаудио Кулман, владин службеник за односи во Епископијата во Ерфурт, Тирингија кој зборуваше за тоа дека верското образование во Германија е регулирано со член 7 од Уставот на државата и дискусијата во јавноста не се води околу потребата од веронаука, туку околу прашања од техничка природа како најпрактично да се спроведе истото во одредени случаи, информираше за МИА, сестра Ефимија.

Додава дека Ведран Обучина, секретар на архиепископот во Ортодоксната Старокатоличка провинција Св. Кристофер, Хрватска, зборувал за новиот тренд на пост-секуларизам во која се наоѓаат земјите „при што се врши замаглување на фактичката граница помеѓу секуларното и верското“.

Истакнал дека верското образование е засновано на педагогија и истото не индоктринира, догматизира или едуцира верски фанатици туку отсуството на верското образование придонесува за појавата на такви случаи.

-Како претставник на Асоцијацијата на професори по етика во религиите зборував за целта на основањето на асоцијацијата а воедно дадов краток преглед на тоа како е организирано верското образование во Европа наспроти промените кои се случуваат во образовниот систем во државата. При тоа ја нагласив потребата од дискусија помеѓу надлежните институции и засегнатите страни, со цел да се надминат грижите, рече сестрата.

Според неа, Хајдин Салиу, професор по Етика во религиите исто така ја искажал потребата од верско образование во училиштата како особен придонес кон градење на почит, соработка и дијалог со сите луѓе од различна вероисповест.

-Она што следуваше на крајот беше делот предвиден за дискусија, каде беа поставени прашања од страна на учесниците до говорниците на панел дискусијата. Учесниците дадоа свое видување околу тоа како религијата ги зајакнува достигнувањата во образованието, а воедно ги истакнаа своите грижи околу најавената дигитализација на учебниците како дел од актуелните промени во образованието, посочи сестра Ефимија. вт/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close