Општински вестиСкопје

Во Општина Карпош засадени нови 28 дрвја

Се садеа дрвја од видот: липа, јавор, јасен, гинко и туја. Сите нови садници се висококвалитетни, веќе развиени дрвја, со што нивната шанса за успех и развивање е многу поголема во споредба со малите садници.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Комуналните служби на Општина Карпош засадија уште 28 повеќегодишни дрвја на неколку локации низ општината.

Нови стебла беа засадени во Тафталиџе, околу станбените згради во близина на пазарчето, Козле (меѓу зградите на ул. „Васил Чакаларов“), во Карпош 3 (кај City tower) и во Тафталиџе 2 (на ул. „Женевска“, во близина на ЗЕЛС).

Како што соопшти Општина Карпош, се садеа дрвја од видот: липа, јавор, јасен, гинко и туја. Сите нови садници се висококвалитетни, веќе развиени дрвја, со што нивната шанса за успех и развивање е многу поголема во споредба со малите садници.

-Намерата на локалната самоуправа е постојано да го зголемува зеленилото меѓу зградите. Во последниов период се вложува и во системи за одржување на зелените површини, со цел истотите да бидат подолготрајни, стои во соопштението.

Општината ги повикува сите граѓани да бидат одговорни кон животната средина. Борбата за чист и зелен Карпош е заедничка. нд/лв/

Back to top button
Close
Close