0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во општина Гевгелија поделени уште сто хуманитерни пакети за социјално ранливи категории

Мобилните тимови на општина Гевгелија денеска ја завршија втората акција, по воведувањето на вонредната сотојба, за делење хуманитарни пакети на граѓани од социјално ранливите категории, корисници на минимална и еднократна парична помош како и на корисниците на услугите од Народната кујна.

Гевгелија, 6 април 2020 (МИА) – Мобилните тимови на општина Гевгелија денеска ја завршија втората акција, по воведувањето на вонредната сотојба, за делење хуманитарни пакети на граѓани од социјално ранливите категории, корисници на минимална и еднократна парична помош како и на корисниците на услугите од Народната кујна.

Според доставениот список од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи мобилните општински тимови денеска ги поделија останатите 30 пакети со хранливи артикли и средства за лична хигиена на социјално ранливите категории на граѓани кои живеат во населените места на територијата на општина Гевгелија.

Претходно во градот Гевгелија мобилните општински тимови поделија уште 70 пакети.Пакетите што ги добија сите граѓани од ранливите категории беа дополнети со по една вреќа брашно и кутија кроасани кои беа донација од производителот „Жито Пром“ од Гевгелија.

Заврши и акцијата за делење бесплатна заштитна опрема за спречување на ширењето на корона вирусот во која волонтери од граѓанските здруженија поделија 9.000 маски кои беа донација од текстилните фирми „Дока текстил“ од Валандово и „Сибо текстил“ од Миравци. им/см/

Back to top button
Close
Close