0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Општина Чашка се асфалтираат повеќе регионални и локални патишта

Со поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта, во Општина Чашка започнаa градежните активности во делот на патната инфраструктура со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 115 милиони денари. :

Велес, 10 април 2020 (МИА)Со поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта, во Општина Чашка започнаa градежните активности во делот на патната инфраструктура со цел подобрување на условите за живеење на граѓаните. Согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 115 милиони денари.

Како што информира градоначалникот Горан Стојановски, вчера започна асфалтирање на регионален пат R 526 на потег од Врановски анови до раскрсница со село Богомила и крак до болница Јасеново со вкупна должина од 2,5 километри.

Во наредниов период ќе се асфалтира и регионалниот пат R 2344 на потег од село Голозинци до раскрсница (гГорно Врановци, Долно Јаболчиште) во должина од 5,5 километри, како и регионалниот пат R526  населба Оморанидо после мостот во Теово во должина од 1,5 километар.

Асфалтирање на втора завршна фаза на регионален пат село Богомила до Гостиражни во должина од 5,5 километри

Градењето на регионалната патна инфраструктура како во нашата Општина така и низ целата држава,е врвен приоритет на оваа Влада спроведена преку Јавното препријатие за државни патишта, за што ние како локалната самоуправа и граѓаните од нашата општина имаат големи придобивки од изградбата на модерна и современа патната инфраструктура,потенцира Стојановски. ад/вг/

Back to top button
Close
Close