Дописници МКДОпштински вести

Во општина Чашка почна изградбата на патот кон селата Бусилци и Војница

Општина Чашка неделава стартуваше со изградба на патот кон селата Бусилци и Војница. Ќе се асфалтираат 2,8 километри должина и 3,5 метри ширина, како и банкина од 1,5 метри.

Велес 16 февруари 2020 (МИА) – Општина Чашка неделава стартуваше со изградба на патот кон селата Бусилци и Војница. Ќе се асфалтираат 2,8 километри должина и 3,5 метри ширина, како и банкина од 1,5 метри.

Градежните активности ги извршува велешката фирма „Изгрев”, а вредноста на целиот проект е 22,4  милиони денари, средства обезбедени од Владата преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

Како што потенцира градоначалникот Горан Стојановски, со реализацијата на овој проект, Општина Чашка конечно го решава деценискиот проблем на овие жители. Станува збор за важна инвестиција која ќе обезбеди подобри патишта до овие две населени места во општината.

-Како Општина се залагаме на сите жители од населените места во Општина Чашка да им обезбедиме квелитетна и безбедна инфраструктура, потенцира Стојановски. ад/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close