Дописници МКДОпштински вести

Во Општина Битола ќе се изработува „Адресен регистар“

По препорака на Агенција за катастар на недвижности од 24 февруари до 4 мај на подрачјето на Општина Битола ќе се врши теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви за сите улици и објекти, во сите населени места на Општина Битола.

Битола, 14 февруари 2020 (МИА) – По препорака на Агенција за катастар на недвижности од 24 февруари до 4 мај на подрачјето на Општина Битола ќе се врши теренското прибирање податоци за улици и куќни броеви за сите улици и објекти, во сите населени места на Општина Битола.

Во соопштение до јавноста се посочува жителите на Општина Битола да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите.

Од востановениот Адресен регистар придобивки покрај Агенцијата за катастар на недвижности, ќе имаат сите државни институции, како и сите правни и физички лица во Република Северна Македонија. Со него ќе се овозможи брз и лесен начин за пребарување и идентификација на улиците, зградите и становите во просторот, ќе се поедностават и скратат роковите за воведување на нови улици и ќе се осигура точност на податоците, се наведува во соопштението од Општина Битола.мт/скс/

Back to top button
Close
Close