0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Ново Село изградбата на канализациската мрежа ќе заврши за три месеци

Околу 70 отсто од канализациската мрежа е веќе поставена на терен, а останатите активности ќе бидат реализирани во наредните три месеци со планирано завршување на проектот до крајот на август, информираа денеска од Општина Ново Село.

Струмица, 1 јуни 2021 (МИА) – Околу 70 отсто од канализациската мрежа е веќе поставена на терен, а останатите активности ќе бидат реализирани во наредните три месеци со планирано завршување на проектот до крајот на август, информираа денеска од Општина Ново Село.

Оттаму додаваат дека реализирањето на овој проект се одвива непречено и ги повикуваат граѓаните да дојдат во зградата на општината за да потпишат договори за проклучување на канализациската мрежа.

Средствата во износ од 43.723.466 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, а од општината најавуваат дека почнува изградбата и на фекално-канализациска мрежа во селото Сушица. рт/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close