0_Спорт.ПорталФудбал

Во новиот договор на Чави со Ал Сад има опција да замине во Барселона

Тренерот на катарскиот клуб Ал Сад, Чави потпиша нов договор со важност до крајот на сезоната 2020/21.

Доха, 5 јули 2020 (МИА) – Тренерот на катарскиот клуб Ал Сад, Чави потпиша нов договор со важност до крајот на сезоната 2020/21.

Во исто време, договорот на 40-годишниот Каталонец има клаузула што ќе му овозможи да замине за Барселона, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.

Поранешниот капитен на Барселона го предводи тимот од Доха од 2019 година, откако мина четири сезони во клубот како играч. Под негово водство, екипата го освои 3. место во националниот шампионат. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close