Дописници МКДОпштински вести

Во Новаци светиот крст во рацете на Христијан Стојановски

Пелагониската општина Новаци традиционалното спуштање на светиот крст во осветените води го одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“.

Новаци, 19 јануари 2020 (МИА) – Пелагониската општина Новаци традиционалното спуштање на светиот крст во осветените води го одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“.

Меѓу 16-те пријавени учесници, годинава најсреќен беше Христијан Стојановски, кој го извади светиот крст, а првите честитки ги доби од градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.

Со одлука на општинските власти на Новаци на сите лица што го извадија светиот крст во 16 села од таа Општина им беа доделени вредносни ваучери. мт/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close