Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во немирите на југот од Казахстан загинаа 10 лица, а 40 се поврдени

Бројот на жртвите во безредијата во регионот Жамбил, на југот од Казахстан, се зголеми на 10 лица, јави телевизијата „Kабар 24”.

Нур-Султан, 9 февруари 2020 (МИА) – Бројот на жртвите во безредијата во регионот Жамбил, на југот од Казахстан, се зголеми на 10 лица, јави телевизијата „Kабар 24”.

Според ТВ каналот, доцна синоќа во болница починал еден од повредените, а утринава се дозна дека починало уште едно повредено лица.

„На овој начин бројот на жртвите во моментот изнесува 10 лица“, посочи локалната телевизија.

Безредијата се случија во петокот вечерта во јужен Казахстан. Министерот за внатрешни работи, Ерлан Тургумбаев, првично соопшти за осуммина загинати и 40 повредени лица, како и за речиси 50 приведени учесници во тепачките. Како резултат на палењата уништени се или оштетени над 30 станбени згради.

Претседателот на Казахстан веднаш формираше владина комисија, предводена од вицепремиерот Бердибек Сапарбаев.

Според министерот на информации и социјален развој, Дарен Абаев, причината за безредијата е конфликт предизвикан од провокатори кои се обиделе недоразбирањата да ги пренесат на теренот на етничка нетрпеливост. сд/

Back to top button
Close
Close