ЕвропаЕвропа.Портал

Во немири во Лондон повредени 15 полицајци

Петнаесет полицајци се повредени во синоќешните немири што избувнаа на недозволената музичка манифестација во лондонскиот кварт Брикстон

Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) – Петнаесет полицајци се повредени во синоќешните немири што избувнаа на недозволената музичка манифестација во лондонскиот кварт Брикстон.

Насобраните лица се спротиставиле и ги нападнале полицајците, а оштетени се и неколку полициски возила.

Полицијата реагирала бидејќи се противзаконски собирите поради пандемијата со Ковид-19 и оти претставуваат ризик за јавното здравје. ми/

Back to top button
Close
Close