0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

Во наредите две недели услугите на ПОЦ исклучиво по електронски пат

Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар од утре поради ситуацијата со коронавирусот привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува своите корисници во наредните две недели да ги користат услугите на претпријатието по електронски пат на веб платформата www. poc.mk

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар од утре поради ситуацијата со коронавирусот привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува своите корисници во наредните две недели да ги користат услугите на претпријатието по електронски пат на веб платформата www.poc.mk.

– Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман, се наведува во соопштението од ПОЦ.

За секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02/3212-488 или во контакт центарот на 072/ 251-251.

Од ПОЦ апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките од Министерството за здравство и Владата, а доколку забележат одредени симптоми да се јават на 071/289-614 во Центарот за јавно здравје во Скопје. бак/са/

Back to top button
Close
Close