СветСвет.Портал

Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати

Бројот на загинати во воздушниот напад на Воената академија во либискиот главен град Триполи се зголеми на најмалку 30 лица, повеќето од нив студенти, соопштија здравствените власти.

Триполи, 5 јануари 2020 (МИА) – Бројот на загинати во воздушниот напад на Воената академија во либискиот главен град Триполи се зголеми на најмалку 30 лица, повеќето од нив студенти, соопштија здравствените власти.

Претходно беше соопштено за најмалку 16 загинати лица.

Портпаролот на Министерството за здравство во Триполи, Малек Марсет, изјави дека воздушните напади се случиле во населбата Хадаба, јужно од центарот на градот, каде судирите беснеат со месеци.

Марсет рече дека најмалку 33 лица се ранети и транспортирани во болници во градот. 

Владата во Триполи за нападот ја обвини самопрогласената Либиска национална армија, чиј лидер е генералот Калифа Хифтер, кој во декември најави „конечна и одлучувачка“ борба за Триполи. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close