БизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Во Могила промоција на правилниците за директно снабдување

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), во соработка со единиците на локалната самоуправа, денеска во Општина Могила ќе ги промовираат новите правилници за барањата, условите и хигиената за производство и ставање во промет храна од животинско и неживотинско потекло наменета за директно снабдување.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), во соработка со единиците на локалната самоуправа, денеска во Општина Могила ќе ги промовираат новите правилници за барањата, условите и хигиената за производство и ставање во промет храна од животинско и неживотинско потекло наменета за директно снабдување.

Најавено е учество на директорот на АХВ, Зоран Атанасов и на директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи, на заменик-директорот на АПРЗ, Борче Петковски, градоначалниците и претставници на општините Могила и Новаци, како и претставници од земјоделски здруженија, организации на производители, инспектори за храна и официјални ветеринари од АХВ и советници од АПРЗ.

Правилниците ги донесе Агенцијата за храна и ветеринарство и во нивна промоција на терен, покрај инспекторите за храна и официјалните ветеринари на АХВ, вклучени ќе бидат и советниците на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола. мч/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close