0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Во март издадени 219 одобренија за градење

Во март годинава се издадени 219 одобренија за градење, за 20,9  проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Во март годинава се издадени 219 одобренија за градење, за 20,9  проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење,предвидената вредност на објектите изнесува 2.729.753.000  денари, што е за 11,2 проценти помалку споредено со март лани.

Најголем број дозволи за градење, 55, се издадени во Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 48, Вардарскиот со 33… И во овој период со најмалку дозволи за градење се Источниот и Југоисточниот, каде се седум, односно три.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (52.5  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,7 проценти) од нискоградба и 63 (28,8  проценти) за објекти за реконструкција.

Од 219-те објекти за кои се издадени одобренија за градење, на 109 (49,8  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (50,2  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во извештајниот период е предвидена изградба на 228 станови, со вкупна корисна површина од 24 572  метри квадратни. Во Скопскиот регион ќе се градат 86 стана, од кои 38 во Општина Гази Баба, 22 во Кисела Вода, 17 во Карпош. лв/дма/

 

Back to top button
Close
Close