Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Мали загинаа двајца француски војници

Двајца припадници на француската армија загинаа во Мали при експлозија на импровизирана експлозивна направа која им го уништила оклопното возило, соопштија француските власти.

Бамако, 6 септември 2020 (МИА) – Двајца припадници на француската армија загинаа во Мали при експлозија на импровизирана експлозивна направа која им го уништила оклопното возило, соопштија француските власти.

Според соопштението, еден војник е повреден во регионот на Тесалит во северен Мали.

Овие војници се дел од француската воена операција во Мали против исламските борци. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close