Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Мали неидентификувани униформирани лица апсат министри

Неидентификувани вооружени лица го уапсија претседателот на Парламентот на Мали, Мусу Тимбина и министерот за економија и финансии Абдулај Дафе, објавија локалните медиуми

Бомако, 18 август 2020 (МИА) – Неидентификувани вооружени лица го уапсија претседателот на Парламентот на Мали, Мусу Тимбина и министерот за економија и финансии Абдулај Дафе, објавија локалните медиуми.

Според западните медиуми, уапсен е и министерот за надворешни работи, а во главниот град на Мали, Бомако се слушаат истрели. Исто така јавуваат и дека воените единици од базата Кати, оддалечена 20 километри од Бомако, откажале послушност и се одметнале поради малите плати.

Во исто време, припадниците на опозициското движење „5 јуни“ повикаа на општи протесто, а едно од главните барања е претседателот Ибархим Бубакар Кејта веднаш да поднесе оставка. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close