Дописници МКДОпштински вести

Во Македонски Брод по повод Денот на културата претставени дела на роднокрајни писатели и поети

Целокупниот книжевен опус на писатели и поети родум од Порече беше претставен денеска во малата сала на Домот на културата во Македонски Брод по повод 10 јуни, Ден на културата. 

Македонски Брод, 10 јуни 2021 (МИА) – Целокупниот книжевен опус на писатели и поети родум од Порече беше претставен денеска во малата сала на Домот на културата во Македонски Брод по повод 10 јуни, Ден на културата.

-За Денот на културата во малата сала од Домот на културата беа претставени делата на роднокрајните поети и писатели Саво Костадиноски, Војче Китаноски, Богоја Радески, Цуте Крајчески, Ивица Максимоски и неколку монографии од домашни автори, кои ја третираат историјата на Македонски Брод и занаетчинството во градот, истакна Милена Стојческа, директорка на Домот на културата.

Таа посочи дека целокупниот настан протекнал со целосно спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19. Потсети дека жителите на градот овие дела ќе можат да ги видат и во текот на идната недела. за/рп/

Back to top button
Close
Close