Дописници МКДОпштински вести

Во Македонска Каменица закажано првото авионско прскање против комарци

Во Македонска Каменица е закажано првото авионско прскање против комарци кое ќе се спроведе в петок, на 25 јуни 2021 година. Од Општината ги информираат сопствениците на пчелни семејства да ги заштитат своите пчеларници.

Македонска Каменица, 22 јуни 2021 (МИА) – Во Македонска Каменица е закажано првото авионско прскање против комарци кое ќе се спроведе в петок, на 25 јуни 2021 година. Од Општината ги информираат сопствениците на пчелни семејства да ги заштитат своите пчеларници.

-Прскањето против комарци ќе се спроведе во раните утрински часови со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели поради ова потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, соопштуваат од Општината.
 
При несоодветни временски услови третирањето против комарци, како што додадоа, ќе се одложи за следниот поволен ден.
– Претходно, в четврток (24 јуни 2021), во доцните вечерни часови ќе биде извршено и теристичко прскање против комарци кое ќе се реализира во градската средина на општина Македонска Каменица, додадоа од Општината.
 
Оттаму додадоа дека прскање против комарци ќе се реализира неколку пати во текот на летниот период. вс/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close