0_Македонија.ПорталДописници МКД

Во Македонска Каменица течат подготовките за Пензионерските музички ревии

Во Македонска Каменица течат подготовките за Пензионерските музички ревии. За таа цел денес каменичките пензионери организираа координативен состанок за дефинирање на активностите пред претстојниот настан, кој ќе се одржи согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19.

Македонска Каменица, 19 август 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица течат подготовките за Пензионерските музички ревии. За таа цел денес каменичките пензионери организираа координативен состанок за дефинирање на активностите пред претстојниот настан, кој ќе се одржи согласно препораките за заштита од вирусот Ковид-19.

-Денес имавме состанок на кој покрај пензионери присуствуваа и претставници на Комисијата за културно забавен живот при Сојузот на здружението на пензионери на Македонија. Целта е да се утврдат активностите и нашите обврски како организатори на Регионалната музичка смотра на пензионерите од регионот во услови на пандемија од Ковид-19. Планирано е  настанот да се одржи на отворено со запазување на сите потребни мерки и протоколи за заштита од вирусот Ковид-19, истакна Јаворка Соколовска, претседателка на здружението на пензионери од М.Каменица.
На ревијата, како што додаде Соколовска поканети се здруженијата на пензионери од М.Каменица, Делчево, Кочани, Виница, Берово и Пехчево.
-Според планираното, настанот е закажан за периодот септември-октомври, со претходно одобрение и насоки за организирање вакви настани од страна на Здравствената комисија, додаде Соколовска.
Пред една месец, членовите на музичката секција при здружението на пензионери од М.Каменица добија нови народни носии, кои како што додадоа од здружението ќе бидат претставени на Регионалната музичка ревија која претстои. вс/бк/

Back to top button
Close
Close