Дописници МКДОпштински вести

Во Македонска Каменица се заокружува изградбата на системот за одводнување на атмосферските води

Во Македонска Каменица се заокружува изградбата на системот за одводнување на атмосферските води. Изградбата на овој систем се реализира преку реализирање на договорот за изградба на атмосферска канализација спроведен преку системот за јавни набавки.

Македонска Каменица, 21 април 2021 година (МИА) – Во Македонска Каменица се заокружува изградбата на системот за одводнување на атмосферските води. Изградбата на овој систем се реализира преку реализирање на договорот за изградба на атмосферска канализација спроведен преку системот за јавни набавки.

– Со доизградбата на системот на атмосферска канализација целосно и трајно го решаваме проблемот со атмосферските води во нашиот град. Новите линии на атмосферска канализација околу Градскиот плоштад и улиците „Руенска“, „Рударска“, „Самоилова“ и дел од улица „Александар Македонски“ ги поврзуваме со постоечката мрежа, со што целосно го затвараме системот за одводнување, истакна градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Со реализацијата на овој проект ги најави планираните активности на општина Македонска Каменица кои ќе бидат реализирани во овој дел од градот.

– Реципиент на атмосферските води ќе биде Каменичка река, со што по завршувањето на проектот создаваме услови за негова комплетна реализација со доизградба и уредување на Градскиот кеј на реката, додаде Стаменкова.

За реализација на овој проект од буџетот на општина Македонска Каменица се издвоени 5,3 милиони денари. вс/рп/

Back to top button
Close
Close