0_Web_АктуелноBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Во мај само 838 туристи, 99,2 отсто помалку од лани

Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи или 99,2 отсто помалку од истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за статистика, реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Во мај годинава земјава ја посетиле 838 туристи или 99,2 отсто помалку од истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за статистика, реализирани биле вкупно 4.946 ноќевања што е 97,6 проценти помалку.

Според статистиката, бројот на домашните туристи во мај 2020 година во однос на мај 2019 година е намален за 97,8 отсто, а на странските за 99,7 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е намален за 96,7 отсто%, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 98 проценти.

Во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2, а кај странските за 65,6 отсто.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56, а кај странските за 66 проценти. мч/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close