СветСвет.Портал

Во Мјанмар уништена запленета дрога вредна 839 милиони долари

Властите во Мјанмар денеска,  по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари.

Јангон, 26 јуни 2020 (МИА)Властите во Мјанмар денеска,  по повод Меѓународниот ден на борба против дрогата, уништија запленета дрога во вредност од 839 милиони американски долари.

Таа земја одамна е главен извор на нелегално производство и шверц на дрога.

Само во главниот град, Јангон, во спектакуларен оган е запалена голема количина дрога во вредност од 144 милиони долари: опиум, хероин, метамфетамин, марихуана, кетамин и стимуланс познат како „ајс“ или „кристална мета“.

Различни видови дрога од десетина тони е запалена и во другите градови на Мјанмар.

Владата и Службата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) соопштија дека во мај има рекордна заплена на дрога – 18 тони, меѓу кои 200 милиони метамфетамински апчиња. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close