СветСвет.Портал

Во Либија загинале двајца турски војници, информира Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска информира дека двајца турски војници се убиени во Либија, каде Анкара распоредила сили и сириски борци за поддршка на меѓународно признатата Влада.

Истанбул, 25 февруари 2020 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска информира дека двајца турски војници се убиени во Либија, каде Анкара распоредила сили и сириски борци за поддршка на меѓународно признатата Влада.

Ердоган не прецизираше кога загинале војниците.

Турскиот претседател во неделата објави дека во Либија се убиени турски војници, но не прецизира колку.

Ердоган пред четири дена првпат призна присуство на протурски сириски сили во Либија, каде ги поддржуваат силите на меѓународно призната влада во Триполи.

Турскиот претседател рече дека „на терен има елементи на Сириската народна армија“. Тој додаде дека либискиот генерал Калифа Хафтар сака Турција да излезе од земјата и го праша „зошто не се зборува за руските сили од 2.000 лица кои го поддржуваат Хафтар“. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close