Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Квебек уапсени петмина пензионирани свештеници за злоставување деца

Петмина поранешни католички свештеници од Квебек се соочуваат со неколку обвиненија за злоупотреба, наводно сторена меѓу 1961 и 1989 година , во времето кога работеле како учители во средно училиште во местото Риго.

Монтреал, 23 јуни 2020 (МИА) – Петмина поранешни католички свештеници од Квебек се соочуваат со неколку обвиненија за злоупотреба, наводно сторена меѓу 1961 и 1989 година , во времето кога работеле како учители во средно училиште во местото Риго.

Во текот на 2012 година голем број поранешни ученици во ова училиште јавно проговорија за злоупотребите што ги доживеале од свештениците.

Најмалку 60 ученици, кои биле глуви, во периодот од 1940 до 1982 година, биле жртви на припадниците на верската заедница или на вработените во училиштето.

На обвинението се придодале околу 270 наводни жртви.

-Речиси 35 години чекам на овој момент, за ТВА њуз изјави Брајан Форд, наводна жртва на свештениците.

„Тоа е долг процес, но не можеме да се откажеме од надежта“, додаде тој,  а секој што располага со информации за злоупотребата е повикан да даде исказ во провинциската полиција. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close