0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитикаПолитички партии

Во Куманово трибина „Агенда здравство 20 – 24“

Реформите во здравството што се преземени во изминатиот период придонесоа за подобар квалитет на здравствените услуги кон пациентите и го вратија достоинството на здравствените работници, посочија денеска говорниците на трибината насловена „Агенда здравство 20 - 24“, која се одржа во Занаетчискиот дом Куманово во организација на СДСМ.

Куманово, 26 јануари 2020 (МИА) – Реформите во здравството што се преземени во изминатиот период придонесоа за подобар квалитет на здравствените услуги кон пациентите и го вратија достоинството на здравствените работници, посочија денеска говорниците на трибината насловена „Агенда здравство 20 – 24“, која се одржа во Занаетчискиот дом Куманово во организација на СДСМ.
Меѓу постулатите што се превидени за развој на здравствениот систем, рече министерот за здравство Венко Филипче, се почеток на изградба на клинички центар во „Ѓорче Петров“, енергетска ефикасност на болниците, реновирање на здравствените домови, трансформирање на капацитетите, спојување на здравствените домови и болниците, 70 возила за итна медицинска помош, вработување млади лекари, патронажни служби.
– Ќе се разгледа можност да се помогне за решавање на станбеното прашање на младите лекари, едукација на лекарите од странски лекари, ќе се ревидира позитивната листа на лекови, центар за медицинско истражување, секоја година здравствените работници ќе имаат зголемуавње на платите до десет проценти, рече Филипче.
Тој  се осврна на мерките што се презмени во изминатиов период, меѓу нив укинување на квотите на лековите. На мерката и претходеле анализи од повеќе аспекти, рече министерот, додавајќи дека нема повеќе турканици во аптектите, лековите можат да се земаат секој ден во месецот.
– Тоа воедно значи рационализирање на потрошувачката на лековите, пациентите не прават домашни аптеки, матичните лекари се попосветени на пациентите, не размислува како да го обезбеди пациентот, реализацијата на рецептите во некои региони од државата е намалена. Со двојна контрола, лекот стигнува само до пациентите на кои им се потребни, рече министерот.
Зајакнати се, додаде, трите програми во здравството, за ретки болести кои претходно имаа лимитиран буџет, сега е зголемен буџетот за два и пол пати.
– Нема пациент што го нема потребниот лек. Се воведеа пет нови лекови, рече министерот, образложувајќи ги лековите со кои се подобрува квалитетот на живот на пациенти со ретки болести. Направен е исчекор за пациентите со дијабетес, се набавува квалитетен инсулин, три нови инсулини кои го унапредуваат третманот. Имунизацијата значително е подобрена, модернизиран е календарот, воведени се две нови вакцини, рече министерот.
Воведен е, потенцира, нов лек за пациентите со хемофилија, кој се прима еднаш месечно. Близу две милијарди денари се инвестира во платите на кадрите. За зголемување на дежурствата, предминатата, минатата, оваа година што ќе следи во февруари, 40 отсто се зголемени основните плати на лекарите специјалисти, меѓу 20 и 23 на медицинските сестри,15 и 25 проценти на здравствените соработници, младите лекари што се на специјализација.
-Зголемени се средства за дежурства кои сега изнесуваат 3.000 денари, дежурства за викенд, од февруари ќе бидат 10.000 денари во февруари вкупната сума која ќе ја примаат лекарите ќе биде близу 100.000 денари, а не некои институции ќе надмине заедно со дежурствата, потенцира Филипче. Овие мерки, верува министерот, ќе придонесат за намалување на иселувањето на здравствените работници, додавајќи дека има примери за враќање на лекари од приватно здравство.
Сашко Николовмлад интервентен кардиолог од штипската болница рече дека модерното здравство бара задоволни пациенти и задоволни медицински работници. Министерството за здравство со инвестиции во инфраструктура, во материјали, лекови, плати го враќа достоинството на лекарите. Сега, рече, грижа е да се завршат повеќе пациенти, за разлика од минатотот кога немале доволно материјал, лекови, распиани апарати. Условите за работа, додаде последниве години, се на занчително повисоко ниво. Тој истакна дека претходните 11 години имало негативна медиумска кампања кон лекарите, а сега е вратена кохезијата меѓу пациентите и лекарите.
-Се воспоставија стандарди во однос на финансиска помош која Министерството и Фондот ги овозможуваат за нашата болница, со што се обезбедуваат доволно материјали кои ги користиме во праксата за да можеме преку 300.000 луѓе во источниот регион да ги згрижиме, рече Николов. 
Министерот рече дека инфраструктурно се зајакнати капацитетите на установите, во Куманово отоврен е Ургентниот центар, значаен за целиот регион.
-Разговараме со директорката за понатамошен напредок, како да стигнеме со статусот на Клиничка болница. Воведени се нови методи во клиниките во Скопје со што пациентите се лекуваат во државата, наместо да се упатуваат во странство. Подигната е експертизата кај лекарите. Младите специјализанти за првпат се платени, рече министерот, се разговара, посочи, за унапредуавње на знаењето со болница од Германија.
Трајче Нешковскиспецијализант по пулмологија и алергологија, рече дека во минатото било многу тешко да се вработат младите лекари во државно здравство и поради минатите лоши политики голем број лекари заминале во Германија, немало конкурс за приватни специјализации. Со доаѓањето на Владата на СДСМ, рече ,внимание им се посветува на младите лекари. Со сегашните специјализации, посочи, укинат е лихварскиот договор кој претходната Влада го наметнувала, зголемена е платата на младите лекари, со прватните специјализации им се дава можност на младите лекари да останат овде. Во 2018 година донесена е одлука за плаќање на приватните специјализанти кои порано, како што рече, работеле без пари. Поранешната влада, потенцира, имаше популистичка мерка за кофинансирање на приватните специјализации кои работат на определено време, во тек е процес за измени со што ќе им се реши статусот и ќе им се овозможи да преминат на неопределно време.
-На секој млад човек му е битно станбеното прашање, ако може да се предвиди мерка со која на младите специјализанти ќе им се даде помош од 12.000 денари за решавање на станбено прашање, да биде во новата програма на СДСМ, рече Нешковски.
Филипче прецизира дека  измените нудат и можност за дополнителна дејност на лекарите, со што се овозможува и на пациените и на лекарите да добијат квалитетна услуга во попладневните часови. Измените во законот за прекин на бременоста, намалена е новороденечката смртност од 12 на шест промили.
Милена Стевановиќ,член на Комисија за здравство и директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вели дека Законот за прекинување на бременост е важен сегмент за унапредуавње на женското здравје. Прекинати се административните пречки, првпат во рана бременост со медикаметозен абортус да се спречи бременоста, појасни Стевановиќ. Значајно е за жената што информациите и се достапни за да може да донесе одлука.
-Двојно е намалена смртноста кај предевремено родените бебиња, рече Стевановиќ. Преземени се протоколи, стандарди, опрема во акушерските центри. Направено е многу за превенцијата, за дијагностика на малигните заболувања, за карциномот на дојка. Воведени се иновативни третмани за пациентки, секоја има пристап до соодветна терапија.
– Обезбедени се ортопедски бесплатни градници за жените,  обезбедена е психолошка поддршка. После четири децении е реновиран хируршкиот блок, одделот за анестезија и реанимација во болницата во Чаир. Првпат функционираат центри за згиржуавње на жртви од сексуално насилство во Куманово, Скопје и Тетово, рече Стевановиќ.
Министерот  додаде дека се разговара со Светска Банка и Европска делегација за унапредување на системот. Зголемен  е капитациониот бод, кој сега изнесува осум денари по долго време.
Синиша Варга, поранешен министер за здравство во Република Хрватска и консултант на Светска Банка и СЗО, зборуваше за одливот на лекарите генерално во сите држави и рече дека досега се преземни повеќе мерки кои го унапредуваат системот. Тој додаде дека процесот за влегување во ЕУ ќе се одвива постепено, дека социјалдемократите водат внимание за здравствената политика.
-Главно е за помалку пари да се обезбеди поголемо здравје, како да се направи поправеден систем, што ние како социјалдемкорати сакаме да направи пациентите да сакаат достапна здравствена заштита и да не платат многу. Тоа може да се направи, да се отстранат неефикасности во системот. Малите промени не се чуствуваат револуционерно, но каква беше состојбата и каква е денес има значителен напредок, рече Варга.
Имунизацијата е исклучително подобрена рече министерот. Под влијание на лажни вести, пропаганда по социјални мрежи, лошите политики,недоволната едукација  во минатото опфатот бил многу низок, во Скопје под 80 проценти, имаше епидемија на морбили, дури и смртност кај деца кои директно зависеле од колективниот имунитет.
Проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет на УКИМ рече дека по трендот на опаѓање, сега во државата по преземени мерки за подигнат опфат од 99,5 проценти. Родителите имале недовреба во вакцините, сега процесот е транспарентен, рече Грозданова. Процесот е издигнат на највисоко ниво, се носат најквалитетни вакцини со кои се вакцинираат децата во Европа. Воведени се две нови вакцини со што се спречуваат инфекции. Обновен е вакциналниот календар. Направени се едукации, ќе следи ново, најави Грозданова.
-Покажавме дека имаме капацитети дека можеме соодветно да се носиме со проблемот со епидемија, опфатот е зголемен на 99,5 проценти, потенцира  Грозданова.
Реконструиран е пунктот во Чаир, наредно ќе се инвестира во пунктовите низ државите, ќе се  едуцираат педијатрите, матичните лекари. Инвестицијата во превентивата, потецира, е значајна за наредните години кога ќе има здрава популација. ам/вј/

 

Back to top button
Close
Close