Дописници МКДОпштество

Во Куманово осум новозаболени со Ковид-19 од кои двајца од Липково

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира осум новозаболени лица од  Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Од нив шестмина се од Куманово, двајца од Липково.

Куманово, 13 јули 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира осум новозаболени лица од  Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Од нив шестмина се од Куманово, двајца од Липково.

-Новорегистрираните имале контакти со веќе заболени лица, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Денеска, извршени се вкупно 44 тестирање од кои  20 по „Мој термин“ и  24 согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, дијагностицирани се 862 лицa заболени од Ковид-19 од кои во моментов активни се 194 случаи. ам/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close