0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Во Куманово одбележан Денот на независноста

елегации од општина Куманово, Здружението на борци, АРМ, МВР, јавни институции и претставници на политичките партии денеска положија цвеќе пред споменикот Жена - борец на кумановскиот плоштад.  Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски пред присутните истакна дека во 29-те години независност, граѓаните покажале дека истрајноста е она што не носи кон вистинскиот пат, кон создавање на држава пример во регионот. 

Скопје, 8 септември 2020 (МИА) – Делегации од општина Куманово, Здружението на борци, АРМ, МВР, јавни институции и претставници на политичките партии денеска положија цвеќе пред споменикот Жена – борец на кумановскиот плоштад.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски пред присутните истакна дека во 29-те години независност, граѓаните покажале дека истрајноста е она што не носи кон вистинскиот пат, кон создавање на држава пример во регионот.
– Ако се обидеме заедно да направиме подобар живот за сите нас, нема да има причина за заминување. Покажавме дека можеме да ги менуваме работите на подобро. За нас, за нашите деца, за младите кои се иднината на оваа земја, за генерациите кои доаѓаат. Македонија веќе се гради во државата која дава шанса за сите подеднакво, истакна Димитриевски.
Ги повика младите активно да се вклучат во креирањето на политиките на градот и на државата, да бидат иновативни и гласно да го кажат своето мислење.
За Куманово рече дека е општина без долгови, во која се гради сигурен и безбеден живот, каде сожителството на етничките заедници е пример.
– Куманово како столб на непоколебливата борба за независност, како град каде пукна првата пушка е пример како се градеше оваа држава, рече Димитриевски.
На настанот организиран по повод Денот на независноста, ученици од средните училишта читаа сихови од Гане Тодоровски. ам/бак/

Back to top button
Close
Close