Дописници МКДОпштински вести

Во Куманово од утре ќе се собираат податоци за потребите на адресниот регистар

Кумановци да соработуваат со тимовите на  Агенцијата за катастар на недвижности кои од утре се до 13-ти април годинава ќе собираат податоци за потребите на Регистарот за адресна информација, повикаа денеска од општина Куманово.

Куманово, 27 јануари 2020 (МИА) – Кумановци да соработуваат со тимовите на  Агенцијата за катастар на недвижности кои од утре се до 13-ти април годинава ќе собираат податоци за потребите на Регистарот за адресна информација, повикаа денеска од општина Куманово.

Агенцијата за катастар на недвижности, се наведува во соопштението од Општината, ја почнува постапката за адресен Регистар како единствен и авторитативен извор на адресна информација во Република Северна Македонија.

Прибирањето на информациите од жителите на општина Куманово ќе се спроведува во период од 28.01.2020 и ќе трае до 13.04.2020 година. Во овој период  ќе се врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во сите населени места на територијата на општина Куманово.

– Апелираме за соработка на жителите на општината со екипите задолжени за теренско прибирање на податоци, со цел непреченост, навременост и успешност во процесот на воспоставување на адресниот Регистар, повикаа од општина Куманово. ам/цр/

Back to top button
Close
Close