Дописници МКДОпштински вести

Во Куманово единаесет новозаболени од Ковид – 19

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 11 нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Министерството за здравство соопшти дека починала 61 - годишна пациентка во болнички услови.

Куманово, 5 септември 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 11 нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Министерството за здравство соопшти дека починала 61 – годишна пациентка во болнички услови.

– Новозаболените потекнуваат од познати кластери, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска се изврешни 20 тестирања од кои 16 по „Мој Термин“ и четири тестирања, извршени согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.533, а во моментов активни се 287 случаи. ам/ев/

Back to top button
Close
Close