Дописници МКДОпштински вести

Во Крушево се засадуваат 12 000 дрвја

Со засадување на околу 12 000 садници, во Крушево се одбележува Денот на планетата земја, заедно со пораките за заеднички придонес и заштита на животната средина.

Крушево, 22 април 2021 (МИА) – Со засадување на околу 12 000 садници, во Крушево се одбележува Денот на планетата земја, заедно со пораките за заеднички придонес и заштита на животната средина.

Се засадуваше во близина на споменикот Слива. Во засадувањето учествуваа министерот за локална самоуправа Горан Милески, компанијата „Секе“ која донираше садници и опрема за шумското претпријатие „Липа“, како и граѓани-волонтери.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски оваа акција прерасна во практика.

– Оваа акција всушност значи влог во иднината, во заштитата и во обновувањето на животната средина. Ја продолжуваме соработката со Министерството за локална самоуправа, со јавното претпријатие Национални шуми, рече Христоски.

Засадувањето ќе продолжи и утре за да се насадат сите 12 000 садници. ем/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close