Дописници МКДОпштински вести

Во Кривопаланечката гимназија голем интерес за стручно образование во првите два дена од уписите

Идните средношколци од Крива Паланка кои во текот на вчерашниот ден и денеска се пријавиле на првиот уписен рок во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот, најголем интерес пројавиле за стручно образование, пред сѐ за новововедената здравствена струка - медицинска сестра и електротехничка струка - компјутерска техника.

Крива Паланка, 15 јуни 2021 (МИА) – Идните средношколци од Крива Паланка, кои во текот на вчерашниот ден и денеска се пријавиле на првиот уписен рок во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот, најголем интерес пројавиле за стручно образование, пред сѐ за новововедената здравствена струка – медицинска сестра и електротехничка струка – компјутерска техника.

– Од вчера вратите на нашето училиште се отворени за идните средношколци, а и во текот на вчерашниот ден и денеска најголем процент од нив поднесуваат документи за упис и во стручните паралелки, но и за гимназиско образование, пред сѐ за природно- математичкото подрачје. Од достапните 34 места во медицинската струка- медицинска сестра, веќе имаме триесетина заинтересирани, а поголем број од предвидените слободни места се побаруваат во електротехничка струка. Исто така интерес има и за останатите стручни паралелки во дуалното образование: машинска струка-машински техничар, четиригодишно траење и тригодишно траење и автомеханичар. Сите  дуални паралелки ќе функционираат во соработка со локални компании за спроведување на практичната настава, информира директорката Габриела Стаменковска.

Министерството за образование и наука за претстојната учебна година овозможи и стипендии за учениците од прва година во износ од 3.500 денари месечно за учениците во дуални паралелки.

Од средното училиште „Ѓорче Петров“ ги повикаа полуматурантите од општината и соседните градови и во претстојните два дена од уписите во првото запишување да се запишат во оваа гимназија и да го трасираат правилно својот пат на едукација и образование.

Резултатите од првото запишување во јунскиот уписен рок ќе бидат објавени на 17 јуни 2021, по истекот на периодот за упис, а второ запишување во јунскиот рок е следната недела. ид/ки/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close