0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Крива Паланка сертифицирани дваесет негувателки на стари изнемоштени лица

Во рамки на глобалниот проект за подобрување на социјалните услуги за граѓаните, денеска, во Крива Паланка им беа врачени сертификати на дваесетте негувателки од општината. Тие во изминатите неколку месеци успешно ја поминаа обуката од страна на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, верифицирана за образование на возрасни на програмата за обука и сертифицирање негуватели во домашни услови за стари лица и лица со попреченост.

Крива Паланка, 25 јуни 2021 (МИА) – Во рамки на глобалниот проект за подобрување на социјалните услуги за граѓаните, денеска, во Крива Паланка им беа врачени сертификати на дваесетте негувателки од општината. Тие во изминатите неколку месеци успешно ја поминаа обуката од страна на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, верифицирана за образование на возрасни на програмата за обука и сертифицирање негуватели во домашни услови за стари лица и лица со попреченост.

Сертификатите свечено ги додели градоначалникот Борјанчо Мицевски, посочувајќи дека Крива Паланка е единствената општина која ги децентрализира социјалните услуги, дејствувајќи на локално ниво преку пружање услуги за ранливите категории лица од општината.

Дваесетте негувателки ќе бидат ангажирани како дел од проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што Општина Крива Паланка и Општинската организација на Црвен крст  Крива Паланка  го реализираат со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика, во висина од 11.034.000 денари, обезбедени преку грант од Светска Банка, во рамки на глобалниот проект „Подобрување на социјалните услуги“.

-Не се сомневам дека негувателките ќе обезбедат соодветна грижа и нега за старите и изнемоштени лица, а ние како општина ќе продолжиме во иднина да ги унапредуваме услугите со уште поголем опфат на целни групи, додаде Мицевски.

Проектот вклучува вкупно четириесет стари, изнемоштени и осамени лица кои не се во можност да обезбедат основна социјална и здравствена грижа, а ќе добиваат бесплатна нега и помош во домашни услови. 

Услугите ќе ги пружа Црвен крст на РС Македонија – Општинска организација Крива Паланка, организација со долгогодишно искуство во областа 

-Многу сум задоволен што како организација сме дел од овој глобален проект. Старите лица ќе добиваат помош и поддршка во нивниот секојдневен живот до 80 часа месечно. Услугите предвидуваат: помош при извршување на секојдневните активности како лична хигиена, облекување, хранење, мобилност во домот, набавка на продукти, чистење, перење, поправки во домот, набавка на лекарската терапија и друго. Целта на проектот е лицата – корисници да продолжат да живеат во сопствените домови и да водат независен живот во заедницата, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка. ид/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close