0_Македонија.ПорталОпштество

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 29 пациенти, вкупно се лекуваaт 255

Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симптоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 255 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението. рп/са/

Back to top button
Close
Close