0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Во ковид центрите се лекуваат 670 пациенти, слободни околу 600 кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 670 позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот, при што има околу 600 празни болнички кревети во инфективните оддели, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 16 јануари 2021 (МИА) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 670 позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот, при што има околу 600 празни болнички кревети во инфективните оддели, соопшти Министерството за здравство.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, се додава во соопштението.

Во ковид центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје се лекуваат вкупно 391 пациент. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град вкупно се лекуваат 279 сомнителни и потврдени случаи на КОВИД-19.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника осум. Во изминатите 24 часа од скопските клиники дома се пуштени 29 оздравени пациенти, соопштија од Министерство за здравство.

Во моментов според последните податоци објавени од МЗ на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 13 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 85 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се додава во соопштението. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close