Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Косово одбележана 19-годишнината од терористичките напади од 11 септември во САД

Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, по повод годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, оддадоа почест на жртвите и положија венци со цвеќиња на спомен-плочата во нивна чест во центарот на косовскиот главен град.

Приштина, 11 септември 2020 (МИА)  Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, по повод годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, оддадоа почест на жртвите и положија венци со цвеќиња на спомен-плочата во нивна чест во центарот на косовскиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од ПриштинаОсмани по тој повод изјави дека Косово, „како најпроамерканска држава во светот“, останува рамо до рамо со САД во борбата против тероризмот.

– Денеска се сеќаваме на 11 септември 2001 година, кога илјадници Американци, меѓу кои и Албанци, го загубија животот при еден терористички напад, кој ја разбуди чистата совест на сиот демократски свет за да се обедини во борбата против тероризмот, како еден од најголемите предизвици на денешнината, рече Османи.

Амбасадорот Коснет изрази благодарност до народот на Косово за тоа што секоја година го одбележува овој трагичен датум за САД и порача дека двете земји „ќе продолжат да го јакнат партнерството во борбата против тероризмот и другите негативни појави“.

На спомен плочата за жртвите на терористичките напади цвеќиња положија и премиерот Авдулах Хоти и други личности од политичкиот и јавниот живот во Косово, а косовските пожарникари поставија ново американско знаме и го средија платото кај споменикот на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Традиционално, пожарникарите, полицајците и вработените во итните медицински служби во Приштина по повод 11 септември ги вклучуваат сирените на нивните возила.иа/сд/

Back to top button
Close
Close