КултураКултура.Портал

Во Косово објавена книгата „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска

Препевот на албански јазик на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска деновиве е објавен во Косово во издание на издавачката куќа Армагедон. Автор на преводот е Шкелзем Халими, а изданието е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Скопје, 26 јануари 2020 (МИА) – Препевот на албански јазик на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска деновиве е објавен во Косово во издание на издавачката куќа Армагедон. Автор на преводот е Шкелзем Халими, а изданието е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Освен ова меѓународно издание, Сарџоска неодамна објави свои досега необјавени песни, напишани на италијански јазик, во „Антологијата за Џенова“ кај издавачот Бертони во Италија, а во Наполи таа влезе меѓу финалистите за наградата „Песна за Наполи“ на италијанскиот издавач Гвида Едиторе.

Тоа е награда која се доделува секоја година за најдобро поетско дело напишано на италијански јазик и на неаполски дијалект. Песните на финалистите се објавени во антологија и ќе бидат презентирани на Саем на книга во Неапол во април 2020. вј/са/

Back to top button
Close
Close