БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Косово ќе се тестираат само лицата со симптоми на Ковид-19, не и случаите на контакт

По препорака на Институтот за јавно здравство на Косово, одсега ќе се врши тестирање само на лицата хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и на оние со потешки симптоми на болеста.

Приштина, 22 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство на Косово одллучи на неопределено време да го прекине тестирањето за Ковид-19 на случаите на лица кои имале контакт со носители на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според одлуката испратена до неколку општини, по препорака на Институтот за јавно здравство на Косово, одсега ќе се врши тестирање само на лицата хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и на оние со потешки симптоми на болеста.

Информацијата за весникот „Зери“ ја потврдија претставници на локалните власти во Приштина, Гњилане и Глоговац, кои велат дека, откако ќе се добијат резултатите на веќе извршените тестирања, ќе се продолжи со третирање единствено на лицата кои пројавуваат симптоми.

Последниве денови во Косово имаше значително зголемување на бројот на лица кај кои е откриено присуството на коронавирусот, така што бројката на заразени се искачи на над 2.100, од 1.300 колку што беа пред десетина дена. Бројот на активни носители на вирусот во истиот период се зголеми од 370 на 1.086, според последниот официјален извештај.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close