БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Косово десетмина починати и 162 новозаболени од Ковид-19

Во Косово во изминатите 24 часа десет лица починаа од последици од Ковид-19, а регистрирани се 162 новозаболени и 220 излекувани од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина

Приштина, 21 август 2020 (МИА) – Во Косово во изминатите 24 часа десет лица починаа од последици од Ковид-19, а регистрирани се 162 новозаболени и 220 излекувани од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вклучително последните случаи, бројката на заразени од појавата на епидемијата достигна до 12.168. Од нив починале 448, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со Ковид-19 и ја совладале болеста достигна до 8.149.

Активни носители на вирусот во земјата, според косовските здравствени власти, се 3.572 лица.
Вчера се извршени 584, а од почетокот на пандемијата, вкупно 46.452 тестирања. иа/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close