БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во Косово 79 новозаразени со коронавирусот

Според последниот официјален извештај, во Косово вчера се регистрирани 79 новозаболени од Ковид-19, а вкупно досега има 2.878 заразени, од кои починале 51 лице.

Приштина, 1 јули 2020 (МИА) – Според последниот официјален извештај, во Косово вчера се регистрирани 79 новозаболени од Ковид-19, а вкупно досега има 2.878 заразени, од кои починале 51 лице.

Во текот на вчерашниот излекувани се 71 лице, со што бројката на луѓе кои ја пребродија заразната болест достигна до 1.577.

Бројот на активни носители на вирусот изнесува 1.250 лица.

Вчера се извршени 210, а од почетокот на пандемијата, вкупно 23.780 тестирања. иа/

Таг
Back to top button
Close
Close