0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Конче целосно ќе се замени уличното осветлување со нови штедливи светилки

Од почетокот на март во општина Конче ќе се заменат досегашните 341 светилки на база на жива со нови ЛЕД светилки, информира денеска градоначалникот Благој Илиев.

Струмица, 25 февруари 2020 (МИА) – Од почетокот на март во општина Конче ќе се заменат досегашните 341 светилки на база на жива со нови ЛЕД светилки, информира денеска градоначалникот Благој Илиев.

– Потпишан е договорот за изведување на проектот „Инсталација на ЛЕД светилки и улично и парковско осветување во општина Конче“ и од следната недела почнуваме со реализација. Со вакви проекти продолжуваме да вложуваме во подобрување на условите за живот на нашите сограѓани, вели градоначалникот Илиев.

Тој додава дека покрај замената на досегашните светилки, ќе се постават уште 40 улични соларни ЛЕД светилки, како и поставување нови линии улично осветлување во вкупна должина од 1.000 метри. рт/цр/

Back to top button
Close
Close