Дописници МКДОпштински вести

Во Кочани се поставуваат контејнери за стакло

Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани почна со поставување посебни контејнери за отпадно стакло, на повеќе локации во централното градско подрачје.

Кочани, 29 мај 2020 (МИА) – Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани почна со поставување посебни контејнери за отпадно стакло, на повеќе локации во централното градско подрачје.

Се работи за петнаесетина пластични контејнери што се обезбедени во договор со компанијата „Пакомак“ од Скопје, а како дел од кампањата за градење граѓанска култура за селекција на отпадот.

-Очекуваме граѓаните совесно да ги употребуваат контејнерите што се обележани и препознатливи, со што ќе ни помогнат во соодветното третирање и управување со отпадот. Поставени се покрај постојните контејнери за комунален отпад во Трговскиот центар, кај стариот парк, на плоштадот, потоа во населбата Стришани, кај Ветеринарната станица, во близина на автобуската станица и на уште десетина други локации, истакна Андреј Киров, директор на „Водовод“.

 

Од Општина Кочани информираа дека во буџетот се планираат финансиски средства за покривање на трошоците за поставување подземни контејнери за селектиран отпад на неколку локации во градот. Веќе се прават анализи и усогласувања на потребната урбанистичка документација за да може да се обезбеди неопходната инфраструктура за подземните контејнери.

На тој начин локалната самоуправа ќе работи на подобрување на комуналната хигиена, функционалноста на јавно-прометните површини и на естетскиот изглед на градот. та/ир

Таг
Back to top button
Close
Close