Дописници МКДОпштински вести

Во Кочани почна изградбата на улици со проектот за подобрување на општинските услуги

Со подготвителните градежни работи на три од планираните единаесет улици, Општина Кочани денеска ја почна реализацијата на проектот за подобрување на општинските услуги, за што инвестира над 900 илјади евра.

Кочани, 14 феврури 2020 (МИА) – Со подготвителните градежни работи на три од планираните единаесет улици, Општина Кочани денеска ја почна реализацијата на проектот за подобрување на општинските услуги, за што инвестира над 900 илјади евра.

Во селото Тркање се изведуваат земјените работи на улицата „Борис Ефтимов“ и на третиот крак од „Маршал Тито“, а во Оризари на улицата „АСНОМ“. Изведувачот „Ленди груп“, што е избран согласно критериумите и процедурите на Светска банка, на овие улици ќе извршува градежни работи до асфалтирање, во вкупна должина од околу 700 метри.

– Со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат и улиците „Кирил и Методиј“, „Скопска“, „560“, „Стефка Тасева“ со „Скоевска“ и „555“ „Петар Синадинов“ и „Искра“ во Кочани и два крака на улицата „Раде Кратовче“ во населбата Оризари. На дел од нив е предвидена и изградба на атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари. Од вкупно единаесетте, шест се во градот Кочани и пет улици се во руралните населени места, истакна Влатко Димитров, помошник раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште.

Се изградбата на улиците значително ќе се подобри патната инфраструктура во руралните населби во општината, за што локалната самоуправа и досега инвестираше сопствени средства.

Заедно со улиците и патиштата што се градат во партнерство со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и со Бирото за регионален развој, како и со средства од општинскиот буџет, се очекува годинава да се реализираат максимален број инфраструктурни проекти во Кочани. та/рп/

Back to top button
Close
Close