Дописници МКДОпштински вести

Во Кочани ќе се произведуваат еко-плочки од отпадна ПЕТ-пластика

Здружението „Еко Тим Исток“ од Кочани потпиша договор за финансирање проект со кој отпадната ПЕТ-пластика ќе се користи како суровина за производство на еко-плочки за надворешно уредување.

Кочани, 20 април 2021 (МИА) – Здружението „Еко Тим Исток“ од Кочани потпиша договор за финансирање проект со кој отпадната ПЕТ-пластика ќе се користи како суровина за производство на еко-плочки за надворешно уредување.

Проектот го финансира Глобалниот еколошки фонд – Програма за мали грантови (ГЕФ – ПМГ), а ќе се спроведува во партнерство со компанијата „Екопроект-Ко“ од Кочани.

– Финансиската поддршка ќе биде во период од 14 месеци и со реализацијата на овој проект  првпат во нашата земја се произведуваат еко-плочки за надворешно уредување, кои на пазарот ќе излезат како сертифициран производ. Главната цел е наменски да се искористи отпадната ПЕТ-пластика, со што ќе се намалат количините што секојдневно се исфрлаат и се причина за загадување на животната средина, истакна Ирена Мирчовска, координаторка на проектот.

Проектот е продолжение на успешно реализираните активности со училиштата во Кочани за воспоставување функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ-пакување, со финансиска поддршка од ГЕФ. Исто така, во изминатите две години во општините Чешиново-Облешево и Зрновци се спроведе проектот „Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес во борба против климатските промени“ со средства од фондовите на ЕУ.

Проектот за производство на еко-плочки во Кочани ќе се реализира паралелно со уште еден проект финансиран од ГЕФ – ПМГ, за кој се очекува деновиве да биде потпишан договорот и ќе се спроведува во општина Гевгелија. та/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close