Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Во Книн се одбележува 25-годишнината од хрватската воено-полициска акција „Бура“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска во Книн изрази жалење за сите цивилни жртви во војната во Хрватска, и кон Србите и кон Хрватите

Загреб, 5 август 2020 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска во Книн изрази жалење за сите цивилни жртви во војната во Хрватска, и кон Србите и кон Хрватите.

– Како земја што победи во наметната војна жалиме за сите жртви, тагуваме за сите цивили, не само за Хрватите, туку и за Србите, како и другите, истакна Пленковиќ во говорот на церемонијата по повод 25-годишнината од хрватската воено-полициска акција „Бура“, која се слави и како Денот на победата и бчагодарност кон татковината и Денот на хрватските бранители.

Пленковиќ додаде дека „Бура“ беше правно легитимна, воено неизбежна и политички неопходна војна што ја наметна режимот на Слободан Миложевиќ.

– Ние, исто така, жалиме за жртвите на воените злосторства извршени од хрватска страна, секој таков чин е болна, грда лузна на праведното лице на Татковинската војна, истакна Пленоковиќ.

Тој оцени дека е важно хрватските Срби во акцијата „Бура“ да не го гледаат само егзодусот на нивниот народ, туку и крај на војната.

На церемонијата покрај членовите на хрватската Влада, првпат присуствува и високиот претставник на српското национално малцинство, вицепремиерот на Самостојна демократска партија на Србија (СДСС), Борис Милошевиќ, што беше опишано како „силна и важна порака за помирување“ во односот меѓу Хрватите и српското малцинство, но и меѓу Хрватска и Србија.

Церемонијата започна со ѕвонење на црковни sвона, што симболично означува влез на хрватската армија во Книн за време на операцијата „Бура“, а хрватското знаме беше подигнато на тврдината Книн.

Поради епидемиолошките мерки, само учесниците во програмата се на тврдината, додека државниот врв и другите функционери се на плоштадот Книн, од каде го гледаа подигнувањето на знамето преку видео бим.

На комеморацијата ќе се служи миса за убиените во акцијата, а ќе биде извршена и специјална програма на акробатска група „Бура од крилја“.

Во вечерните часови ќе има огномет и концерт без публика на тврдината Книн, што ќе се емитува на телевизија.

Во акцијата „Бура“од Хрватска беше протерани околу 220.000 и 250.000 Срби, а околу 2.000 лица се убиени или се водат за исчезнати. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close