Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Кина пронајден Ковид-19 во пилешко месо увезено од Бразил

Новиот коронавирус при рутинска контрола е пронајден во пилешко месо увезено од Бразил, соопштија денеска кинеските власти

Пекинг, 13 август 2020 (МИА) – Новиот коронавирус при рутинска контрола е пронајден во пилешко месо увезено од Бразил, соопштија денеска кинеските власти.

Вирусот во вторникот е пронајден во примероци на замрзнати пилешки крилца, соопштија локалните власти во јужниот кинески град Шензен, кој е во близина на Хонг Конг.

По откривањето на вирусот веднаш се тестирани лицата кои биле во контакт со контаминираните производи и нивните блиски. Локалните власти истакнаа дека тестовите на сите биле негативни.

Бразил е најголем светски произвоидител на пилешко месо, но и втора земја, пд САД, најпогодена од пандемијата.

Кина, каде првпат се појави Ковид-19 кон крајот на 2019 година, во голема мера ја искорени епидемијата, според официјално објавените податоци.

Кинеските власти денеска објавија дека има 19 новозаразени, а последниот смртен случај е регистриран на средината од мај.

Властите во градот Вуху, источна Кина, вчера соопштија дека во амбалажата на замрзнати морски ракчиња од Еквадор бил откриен новиот коронавирус. И во други неколку кинески градови биле откриени контаминирани замрзнати морски ракчиња увезени од Еквадор, поради што е забранет увоз, а увезениот артикал бил запленет од сите ресторани во Вуху. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close