Дописници МКДХроника

Во Кичево се самозапали автомобил во движење, нема повредени лица

Во Кичево вчера околу 14:30 часот, при движење се самозапали патнички автомобил „Голф“ на улицата „22 Декември“.

Кичево, 21 октомври 2020 (МИА) –  Во Кичево вчера околу 14:30 часот, при движење се самозапали патнички автомобил „Голф“ на улицата „22 Декември“.

-Возилото било управувано од лицето Б.Д (51) од Кичево, а нема повредени лица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стеган Димоски.

Тој додаде дека Територијалната против пожарна единица веднаш интервенирала и го изгаснала пожарот. рз/ки/

Back to top button
Close
Close