Дописници МКДОпштински вести

Во Кичево регистрирано уште едно лице со КОВИД-19

Откако пред пет дена во Кичево беа регистрирани три лица заразени од КОВИД-19, во еден ден, денеска е регистрирано уште едно лице заразено од овој вирус. 

Кичево, 23 јуни 2020 (МИА) – Откако пред пет дена во Кичево беа регистрирани три лица заразени од КОВИД-19, во еден ден, денеска е регистрирано уште едно лице заразено од овој вирус.

– Се работи за лице од 46 години, од познат кластер. Најважно е што лицето е изолирано и е во добра општа здравствена состојба, информираат од Општинскиот кризен штаб во Кичево.

Во Кичево во моментов евидентирани се девет лица заразени со коронавирус, од нив три лица веќе се излекувани, што значи во моментов има шест активни случаи. рз/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close