Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Во Кичево приведени четворица млади, по меѓусебна физичка пресметка

Кичевчани на првиот ден од неделава во центарот на градот меѓусебно физички се пресметувале, а по реакција на полициски службеник со предупредувачки истрел од пиштол во воздух тие престанали и биле приведени.

Кичево,10 јуни 2020 (МИА) – Кичевчани на првиот ден од неделава во центарот на градот меѓусебно физички се пресметувале, а по реакција на полициски службеник со предупредувачки истрел од пиштол  во воздух тие престанали и биле приведени.

Како што информира пртпаролот на охридската полиција Стефан Димоски, во полициската станица во Кичево, приведени се А.И.(22),Ф.Ч.(23),Ф.К.(18),А.К.(22), сите од Кичево. Тие на 8 јуни во 21:40 часот, на крстосницата на булеварот „Ослободување“ со улицата „Рудничка“ во Кичево, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

-Со цел да го спречи натамошниот тек на нарушувањето, реагирал полициски службеник-припадник на криминалистичката полиција кој, во моментот не бил на должност, тој ја покажал службената легитимација и издал усна наредба кон учесниците да престанат со тепачката. Во моментот, еден од нив, извадил остар предмет со намера да го употреби, по што, полицискиот службеник, од службениот пиштол, во воздух испукал еден предупредувачки истрел. Веднаш потоа, престанала тепачката, а учесниците се лишени од слобода, објасни Димоски.

Против нив, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава. рз/бк/

Back to top button
Close
Close